Make your own free website on Tripod.com

BACK

ПИЦАТА КАКО РАЗУЗНАВАЧКИ ЕЛЕМЕНТ

 

Локалните пицерии први дознаваат за тајните воени операции! Оваа урбана легенда е заснована на факти - според бројот на нарачките. Повеќето разнесувачи на пици во Вашингтон (ДЦ) тврдат дека барем 72 часа пред некоја голема воена интервенција, бројот на телефонските нарачки од нивните пицерии е секогаш зголемен. На тој начин, тие први дознаваат за овие акции, многу пред нивното официјално објавување. "Ова е апсолутно точно", вели еден пица-мен разнесувач. "Нарачките од Пентагон двојно се зголемија пред нападот на Панама, претходно тоа се случи пред инвазијата на Гранада, а истиот синдром е забележан и во ноќите пред ирачката инвазија на Кувајт и сојузничкиот напад врз Ирак, како и подоцна, во нападите врз српските воени позиции на Косово. Први ги дознаваме овие 'бејкинг-њуз' затоа што рекордните брооеви на нарачки од воените институции во 22 часот укажува дека таму нешто се случува, а не дека воената администрација се собрала за да гледа бејзбол натпревар". Инаку, во Пентагон во кој било случај е забрането консумирањето на пиво и на други алкохоли, па така возбудата и забавата со пица во "ноќите со тревоги" продолжува со сокчиња.