Make your own free website on Tripod.com

BACK

ШКОЛСКИ ТЕРОРИЗАМ 1

 

Трендот за ученички терор во училиштата во САД станува толку застрашувачки, а во повеќето училишта се поставуваат бодигарди и детектори за оружје кои треба да ги спречат опасните ученици заради нивните одмазди против образовниот систем или нивните соученици.
Полицијата во Лос Анџелес неодамна уапси осуммина калифорниски ученици под сомневање дека планирале заговор за подметнување бомба под катедрата на еден од професорите. Иако кај нив не е пронајден никаков доказ за обвинувањето, тие при испрашувањето ја признале нивната сериозна намера.
Кај еден од двајцата17-годишници од Сан Бернардино, при претресот на нивниот дом, била пронајдена автоматска пушка, а кај другиот список на 16 соученици кои ги навредиле и сега треба да платат за овој срам кој им го нанеле. Нивната намера ја открила една другарка, којашто случајно го видела списокот на нивните цели. Осомничените студенти ќе бидат обвинети за заговор за убиство и за загрозување на човековите права.
Забележен е и зголемен број усни закани за оружана одмазда на ученици врз директори на школи