Make your own free website on Tripod.com

BACK

 

АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ

 

 

Полицијата во Колорадо знае дека "тоа" не и се допаѓа, но не знае што да стори за да го сопре. Имено, скијачите и сноубордерите пронашле идеален терен блиску до автопатот во Силверплум, што им овозможува да скокаат над автомобилите кои муниваат по патот. Возачите испаничено ги гледаат скијачите кои летаат над нив, прескокнувајќи ја дупката од 30 метри направена со пресекувањето на патот. Досега се повредиле само неколкумина од овие манијаци, но за среќа никој не загинал. "Шерифот вели дека можеме да ги уапсиме само затоа што немаат дозвола за летање (пилотска дозвола)", во шега вели споуксменот на шерифот. "Но, јас не знам за што точно можеме да ги обвиниме, освен за глупост".