Make your own free website on Tripod.com

BACK

СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА

 

Во 1991 година, за време на воената акција на Алијансата во Ирак, ирачката државна пропагандна радиостаница Багдад Бети емитуваше емисии на англиски јазик во коишто на американските трупи им се советуваше "да си се вратат дома" затоа што "Барт Симсон спие со нивните жени, додека тие се далеку од дома". Според воведникот на уредничката страна на Њујорк тајмс од наведениот период, "радиото на совеста" требало да ги натера војниците да почнат да размислуваат за дезертирање и за враќање дома, размислувајќи како "Роберт Редфорд излегува со нивните девојки, како Том Селек ја бакнува нивната свршеница или како Барт Симпсон води љубов со нивните жени во нивниот брачен кревет". Во американските медиуми веднаш започнала медиумската морална цензура околу пропагандата за активностите на Барт, при што тој бил сменет со неговиот татко Хомер, затоа што "Барт имал само 8 години".