Make your own free website on Tripod.com

BACK

ШИТНАЛЕ ЛАЖЕН ОРКЕСТАР

 

Во Хонг Конг, градот со многу "лажњаци" - од совршени ролекси до масовно носените Гучи чанти - поцрвенети во лицето културните официјалци се обидуваат да дознаат дали Руската филхармонија којашто настапи минатиот месец е онаа вистинската или, пак, лажна.
Илјадници љубители на класичната музика платиле по 31 долар за да го следат единствениот настап на Московската филхармонија. По настапот, во јавноста се покрена прашањето за тоа кој, всушност, бил на сцената таа вечер. Министеството за култура извршило притисок на промотерите, барајќи објаснување за настанатиот скандал. Биле побарани имињата на сите музичари кои настапиле таа вечер, но напишани на англиски, а не на руски.
Сомнежот кај "културњаците" се појавил кога дознале дека Московската филхармонија во истиот период била на турнеја низ Франција, Шпанија и Португалија.
Иако нема официјално соопштение од Москва, еден од диригентите во "вистинскиот" оркестар изјавил дека нема шанси оваа филхармонија да била во Хонг Конг, затоа што тие биле на турнеја низ Европа. "Ова е голем скандал во Москва. Многу е тешко да создадете квалитетен оркестар, тоа трае со години, а некој набрзина собрал некои музичари и тврди дека се Московска филхармонија.
Весниците во Хонг Конг извлекуваат два заклучока : или мзуичарите биле толку добри за да поминат како вистински, или на публиката $ недостига префинетост за да ја забележи разликата.